економија

Турција и Кина, земји со најголем економски раст во 2020 година

Според податоците, Турција во последниот квартал од минатата година забележа најголем раст, од 5,9 проценти, од земјите членки на ОЕЦД

Sevgi Ceren Gökkoyun   | 02.03.2021
Турција и Кина, земји со најголем економски раст во 2020 година

АНКАРА

Економијата на Турција во 2020 година порасна за 1,8 проценти и покрај епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19). Турција, меѓу членките на Г-20, е втора земја по раст во економијата, по Кина, јавува Агенција Анадолија (АА)

Успехот во однос на растот на економијата во Турција привлекува внимание затоа што Турција има интензивна соработка со земјите членки на Европската Унија (ЕУ), како што се Германија, Франција и Холандија, чија економија забележува пад.

Според податоците на Институтот за статистика на Турција (TÜİK), Европскиот завод за статистика (Eurostat) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), поради ограничувањата наметнати во борбата против епидемијата во првото полугодие на 2020 година евидентиран е остар пад на бруто домашниот производ (БДП) кај земјите членки на ОЕЦД.

Во четвртиот квартал во просек падот на бруто домашниот производ (БДП) кај земјите членки на ОЕЦД изнесува 3,4 проценти.

Во наведениот период, падот на економијата во земјите од ЕУ во просек изнесува 4,8 проценти, додека во еврозоната изнесува 5 проценти.

Меѓу земјите на ОЕЦД во четвртиот квартал од минатата година најголем пад е забележан во Шпанија 9,1 проценти, во Велика Британија и Австрија 7,8 проценти и во Италија 6,6 проценти.

Во овој период, американската економија се намали за 2,5 проценти, а француската за 5 проценти, додека привремената стапка на раст во Германија беше пресметана како минус 3,6 проценти.

Според привремените податоци на Евростат за годишната промена на БДП, економијата на Шпанија се намалила за 11 проценти во 2020 година, економијата на Франција за 8,1 процент, економијата на Германија за 4,9 проценти и економијата на Холандија за 3,8 проценти.

Во првиот квартал од минатата година, кога сè уште не се чувствуваше целосното влијание на пандемијата, економијата на Турција се зголеми за 4,5 проценти.

Економијата на земјата се намали за 10,3 проценти во вториот квартал на 2020 година поради мерките и ограничувањата преземени во борбата против епидемијата во месеците април, мај и јуни.

Од средината на годината, со ефектот на процесот за нормализација што започна во земјата, повторно започна трендот на раст во економијата.

Беше забележан раст од 6,3 проценти во третиот квартал од минатата година и 5,9 проценти во четвртиот квартал.

Со тоа, турската економија, во минатата година и покрај епидемијата на Ковид-19 порасна за 1,8 проценти.

Според податоците, Турција во последниот квартал од минатата година забележа најголем раст, од 5,9 проценти, од земјите членки на ОЕЦД.

Покрај тоа, Кина, која не е земја членка на ОЕЦД, го продолжи своето економско закрепнување по епидемијата, со раст од 6,5 проценти во последниот квартал на 2020 година.

Во Кина во текот на 2020 година евидентиран е раст од 2,3 проценти.

Според податоците на ОЕЦД, стапките на раст на некои земји и групи во последниот квартал на 2020 година се:


Земја-група земјиСтапка на раст (проценти)
Турција5,9**
Израел-0,4
Јапонија-1,1
Норвешка-1,1
Литванија-1,2
Јужна Кореја-1,3*
Летонија-1,6
Финска-2,2
САД-2,5
Шведска-2,6
Словачка-2,7*
Полска-2,8
Холандија-3*
Данска-3,1
ОЕЦД-3,4
Канада-3,5*
Колумбија-3,5
Германија-3,6*
Унгарија-4,1
Белгија-4,7
ЕУ-4,8
Франција-5
Еврозона-5
Чешка-5,1
Мексико-5,2
Португалија-6
Италија-6,6
Австрија-7,8
Обединето Кралство-7,8
Шпанија-9,1*

*Проценета вредност или привремени податоци

**Податоци на Институтот за статистика на Турција (TÜİK)

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın