економија

Турски и холандски инвестиции за поголема конкурентност на македонската економија

МАТТО вечерва во Скопје одржа седица на која беа презентирани програмите на холандска влада за унапредување на конкурентноста на македонските компании...

????? ??????????   | 17.11.2015
Турски и холандски инвестиции за поголема конкурентност на македонската економија

Скопје

СКОПЈЕ – Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија – Турција (МАТТО) вечерва во Скопје одржа седица на која беа презентирани програмите на холандска влада за унапредување на конкурентноста на македонските компании, како и холандската инвестиција за производство на расаден материјал, European Plant company, Тетово која реализира пласман, покрај другите земји, и во Турција и Казахкстан, јавува Anadolu Agency (AA).

“Во првата фаза зборувавме за поддршката на Холандија во Макеонија и како компаниите во Македонија можат да имаат корист од оваа поддршка. Зборувавме за можноста на МАТТО да стане дел на овој проек. Во наредниот период како турски инвеститори ќе преземеме чекори за да работиме заедно со Холандија во Македонија. Исто така зборувавме со градоначалникот на Тутин за можни инвестиции кои може да се направат таму. Во Македонија се чуствуваме како дома и сме задоволни од соработката со македонските компании. Ова е нашата втора татковина, која ни покажува топлина и отвореност, изјави за AA Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО.

Кахвеџи воедно и се заблагодари на Македонската влада од која, како што рече, секогаш добиваат поддршка за соработка.

На седницата беше зборувано и за влијанието на Кралството Холандија врз македонската економија, како и за тоа дали е реално со турските инвеститори да се соработува за пласман во трети земји, а меѓу присутните беа амбасадорите на Турција и Холандија на Македонија, Омур Шолендил и Вутер Пломп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.