економија

Скопје: Бизнис форум на МАТТО и Трговско-индустриската комора на Адијаман

„Трговската размена меѓу двете земји изнесува околу 400 милиони американски долари, но сметаме дека тоа не е доволно. Затоа ние сме тука, со цел да се развијат трговските односи. Ова е само почеток на нашата соработка“, рече Услу

Besar Ademi   | 26.07.2017
Скопје: Бизнис форум на МАТТО и Трговско-индустриската комора на Адијаман

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Околу 20 компании од Адијаман, град во југоисточна Турција, членови на Трговско-индустриската комора на овој град, во Скопје одржаа директни средби со македонски компании во рамките на бизнис форумот во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), јавува Anadolu Agency (AA).

Целта на посетата на бизнис делегацијата од турскиот град Адијаман е информирање околу можностите за соработка во разни сектори: прехранбената индустрија, градежништвото, земјоделството, текстилот и туризмот, но исто така, и за скенирање на бизнис климата и инвестициската клима во земјата.

Претседателот на Трговско-индустриската комора на Адијаман, Мустафа Услу, рече дека целта на посетата е да се придонесе во развојот на трговските односи меѓу двете пријателски земји.

„Трговската размена меѓу двете земји изнесува околу 400 милиони американски долари, но сметаме дека тоа не е доволно. Затоа ние сме тука, со цел да се развијат трговските односи. Ова е само почеток на нашата соработка. Ја покануваме делегацијата на МАТТО да бидат наши гости“, рече Услу.

Ајдован Адемовски, претседател на МАТТО, рече дека на средбата докажал оти Македонија е едно од најважните места каде што може да се инвестира и да се работи, со пристап до сите пазари каде што Република Македонија има слободна трговија.

„Се надевам дека оваа наша средба помеѓу МАТТО и Адијаманската трговска комора ќе вроди со плод. Сакаме да ги збратимиме Скопје и Адијаман, бидејќи овие два града имаат приближно ист број на жители“, рече Адемовски, додавајќи дека исто така, се разгледува можноста македонските компании да инвестираат во Турција.

Во меѓувреме, трговскиот советник во турската амбасада во Скопје, Буниамин Кутлу, кој исто така беше присутен на средбата, рече дека таму било истакнато оти Македонија има поволни услови за инвестиции и турските компании се повикани на соработка во различни сектори.

Инаку, турскиот град Адијаман е дел од проектот „Патот на свилата“. Во него се застапени многу индустрии од различни сектори, меѓу кои и нафтата и природниот гас, железната руда, мермерот и јагленот. Од општите потреби за сурова нафта во Турција, 70 отсто се искористува во регионот на Адијаман.

Трговско-индустриската комора на Адијаман е основана во 1984 година. Таа брои 3.700 члена и има 18 професионални здруженија, а во нејзини рамки работи и Берзата на стоки на Адијаман.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın