економија

Продажбата на автомобили во ЕУ во март се зголеми ненадејно

- Вкупната продажба на пазарот на автомобили во Европската Унија (EU) во март се зголеми за 87,3 отсто во однос на истиот период минатата година

Ata Ufuk Şeker   | 16.04.2021
Продажбата на автомобили во ЕУ во март се зголеми ненадејно

БРИСЕЛ 

Вкупната продажба на пазарот на автомобили во Европската Унија (EU) во март се зголеми за 87,3 отсто во однос на истиот период минатата година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Европското здружение на произведувачи на автомобили (ACEA) објави нови податоци за продажбата на автомобили во земјите членки на ЕУ за март.

Според овие податоци, продажбата на нови автомобили во ЕУ во март се зголеми на 1.062.446 единици, што е за 87,3 отсто повеќе во однос на истиот период 2020 година.

Во март 2020 година поради пандемијата на коронавирусот и строгите мерки, продажбата на нови автомобили падна на 567.253.

Продажбата на автомобили во Италија во март се зголеми за дури 487,2 отсто, во Франција за 191,7 отсто, во Шпанија за 128 отсто и во Германија за 35,9 отсто во однос на истиот период минатата година.

Во 27-те земји членки на ЕУ, најмногу нови автомобили во март се продадени во Германија. Во таа држава минатиот месец се продадени вкупно 292.349 нови автомобили, потоа следува Франција со 182.774, Италија со 169.684 и Шпанија со 85.819 продадени единици на автомобилот.

Од друга страна, продажбата на нови автомобили во ЕУ се зголеми на 2.560.330 во периодот јануари - март 2021 година, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на истиот период претходната година.

Според произведувачите, групацијата „Волксваген“ со 269.035 единици во март продаде најмногу нови автомобили во ЕУ.

По „Волксваген“ следува групацијата „Стелантис“, која ги опфаќа марките како „пежо“, „фијат“, „цитроен“ и „опел“ и продаде вкупно 251.489 автомобили. Групацијата „Рено“ зазеде трето место со 98.659 продадени автомобили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın