економија

Претседателката на ЕБОР: „Економијата на Турција е динамична и отпорна“

„Турција е многу голем и моќен потрошувач и што има капацитет за повторно брзо растење, а тоа се елементите на отпор на нејзината економија“, рече Рено-Басо.

Gökhan Kurtaran   | 03.05.2021
Претседателката на ЕБОР: „Економијата на Турција е динамична и отпорна“

ЛОНДОН (АА) - ЃОКХАН КУРТАРАН -

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, рече: „За нас најохрабрувачко е што приватниот сектор во Турција е исклучително динамичен. Турција е многу голем и моќен потрошувач и што има капацитет за повторно брзо растење, а тоа се елементите на отпор на нејзината економија“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за Агенција Анадолија (АА), Рено-Басо, истакнувајќи дека ќе оствари виртуелна посета на Турција, рече дека онлајн ќе разговара со властите и директорите на компаниите.

Потсетувајќи дека тие ја слават 30-годишнината од постоењето на ЕБОР, Рено-Басо наведе дека во наредниот период ќе продолжат да се фокусираат на областите како што се зелената енергија, учеството на жените и младите во економијата, промовирањето на еднаквите можности и дигитализација.

Истакнувајќи дека Турција е земја со најголемо учество во инвестициското портфолио на ЕБОР, Рено-Басо рече: „Турција е земја каде што имаме најголема активност. Во 2020 година инвестиравме 1,7 милијарди евра во Турција. Од денот кога започнавме со нашето работење во Турција, инвестиравме вкупно 13 милијарди евра. Тоа е голема инвестиција.“

Наведувајќи дека 94 проценти од нивните инвестиции во Турција се во приватниот сектор, Рено-Басо истакна дека Турција е многу важна земја за ЕБОР.

„(Во 2021 година) Нашето очекување е да направиме инвестиција од околу 1 до 1,5 милијарди евра во Турција. Се надеваме дека ќе продолжиме со нашата силна активност“, нагласи Рено-Басо.

- „Турција има капацитет да расте повторно“

Одил Рено-Басо, истакнувајќи дека Турција е еден од важните партнери на ЕБОР, додаде: „Најохрабрувачко за нас е што приватниот сектор во Турција е исклучително динамичен.“

Подвлекувајќи ја динамиката и отпорноста на турската економија, Рено-Басо рече дека турската економија е економија што може да одолее на епидемијата на коронавирусот.

„Во минатото, турската економија беше исклучително отпорна економија. Турција има капацитет повторно да расте. На пример, тоа се случи во кризата во 2008 година. Турција е многу голем и моќен потрошувач и што има капацитет за повторно брзо растење, а тоа се елементите на отпор на нејзината економија“, рече Рено-Басо.

Рено-Басо меѓу другото додаде:

„Кога ќе ги погледнеме земјите од Г-20, Турција е единствената земја што покажа раст во 2020 година заедно со Кина. Кога ги гледаме земјите во кои работиме, има 3 земји што покажаа позитивен раст минатата година, тоа се Турција, Египет и Узбекистан.“

Наведувајќи дека ги поздравуваат знаците за постигнување стабилност во монетарната политика во Турција, Рено-Басо истакна дека стабилноста е исклучително важна за поддршка на инвестициите во приватниот сектор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.