економија, Коронавирус

Поради Ковид-19 загубите во туризмот во светот достигнаа 320 милијарди долари

Износот на приходите изгубен во периодот од јануари до мај е трипати поголем од загубите забележани за време на длабоката глобална економска криза во 2009 година

Gökhan Ergöçün   | 29.07.2020
Поради Ковид-19 загубите во туризмот во светот достигнаа 320 милијарди долари

МАДРИД

Светската туристичка организација на ОН (UNWTO) објави дека економските загуби во туристичкиот сектор во светот достигнаа 320 милијарди долари во текот на првите пет месеци во 2020 година, откако бројот на меѓународни туристи е намален за 56 отсто поради глобалната пандемија на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Износот на приходите изгубен во периодот од јануари до мај е трипати поголем од загубите забележани за време на длабоката глобална економска криза во 2009 година.

„Податоците на УНВТО покажуваат дека речиси потполното затворање воведено како последица на пандемијата резултирало со 98 отсто помалку меѓународни туристи во мај во однос на истиот период во 2019 година“, наведоа од Светската туристичка организација на ОН.

Зураб Пололикашвили, генералниот секретар на УНВТО, изјави дека е многу важно што побрзо да се придвижи и стабилизира секторот на туризмот во светот.

„Овие последни податоци јасно зборуваат за важноста на повторно придвижување на туризмот штом ќе биде безбедно да се направи тоа“, изјави Пололикашвили.

Тој нагласи дека драматичните загуби претставуваат огромен ризик за приходите на милион лица низ светот, а сите влади имаат одговорност да ги заштитат работните места и компаниите.

Туристичката индустрија низ светот поради пандемијата се најде под незапаметен притисок. Откажани се голем број домашни и меѓународни патувања, што доведе до значајно намалување на приходите и проблеми со ликвидноста за сите кои работат во туризмот. И туристичките претпријатија и туристите и понатаму се соочуваат со неизвесност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın