економија

Министерот Елван: „Турција е меѓу ретките земји со економски раст во 2020 година“

Турција во текот на пандемската 2020 година оствари економски раст од 1,8 отсто, а во последниот квартал на годината растот изнесуваше 5,9 отсто во однос на истиот период претходната година

Merve Özlem Çakır   | 01.03.2021
Министерот Елван: „Турција е меѓу ретките земји со економски раст во 2020 година“

АНКАРА 

Заводот за статистика на Република Турција соопшти дека оваа земја во текот на минатата година остварила економски раст од 1,8 отсто во однос на претходната година и тоа покрај пандемијата на Ковид-19, која предизвика големи пречки на глобалната здравствена и економска сцена, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението исто така се наведува дека Турција во последниот квартал во 2020 година остварила економски раст од 5,9 отсто, што го покажува брзиот тренд на закрепнување од последиците на пандемијата.

Министерот за трезор и финансии на Турција, Лутфи Елван, на социјалната мрежа Твитер напиша дека Турција е меѓу ретките земји кои во екот на пандемијата успеале да ја завршат годината со економски раст.

Тој наведе дека главна цел на Турција е во текот на 2021 година да оствари стабилност на цените на пазарот.

„Со политиката за борба против инфлацијата ќе го отвориме патот за уште посилен замав на инвестиции, производство и економски раст“, порача Елван.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.