свет, економија

Компанијата „Американ ерлајнс“ би можела да отпушти 25.000 работници

- Во пораката која компанијата ја сподели со вработените е истакнато дека побарувачката во секторот значително опаднала, поради зголемениот број на заразени од Ковид-19 и мерките воведени во одредени земји

Dilara Zengin   | 16.07.2020
Компанијата „Американ ерлајнс“ би можела да отпушти 25.000 работници

ВАШИНГТОН 

Една од најголемите американски авиокомпании „Американ ерлајнс“ (American Airlines), поради кризата која ја предизвика пандемијата на Ковид-19, би можела да отпушти дури 25.000 работници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во пораката која компанијата ја сподели со вработените е истакнато дека побарувачката во секторот значително опаднала, поради зголемениот број на заразени од Ковид-19 и мерките воведени во одредени земји.

Од компанијата наведоа дека поради сите фактори би можеле да бидат отпушени околу 25.000 работници.

Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ (United Airlines), исто така поради кризата која ја предизвика пандемијата на Ковид-19, на почетокот на месецот најави дека од 1 октомври би можеле да бидат отпуштени дури 36.000 работници, што изнесува 45 отсто од вкупниот број на вработени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın