економија

Кинеската компанија „Алибаба“ казнета со 2,8 милијарди долари

Кинеската Државна канцеларија за пазарот наведува дека „Алибаба“ ја ограничува конкуренцијата и ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот така што го спречува слободното движење на стоки

Şeyma Uzundere   | 10.04.2021
Кинеската компанија „Алибаба“ казнета со 2,8 милијарди долари

ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ казнет е со 2,8 милијарди долари (околу 2,35 милијарди евра) за монополско работење, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на кинеската Државна канцеларија за пазарот (SAMR) се наведува дека „Алибаба“ ја ограничува конкуренцијата и ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот така што го спречува слободното движење на стоки.

Кина на 8 февруари воведе нови прописи со цел да ги спречи монополските практики на големите технолошки компании во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın