економија

Извозот на Турција во август изнесувал 12,5 милијарди долари

Заводот за статистика на Република Турција објави дека увозот на Турција во истиот период пораснал за 20,4 отсто, односно на 18,7 милијарди долари

Aysu Biçer   | 30.09.2020
Извозот на Турција во август изнесувал 12,5 милијарди долари

АНКАРА

Извозот на Турција во август изнесувал 12,5 милијарди долари, што претставува пад од 5,7 отсто на годишно ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).

Заводот за статистика на Република Турција (TurkStat) објави дека увозот на Турција во истиот период пораснал за 20,4 отсто, односно на 18,7 милијарди долари.

Надворешнотрговскиот дефицит изнесуваше 6,3 милијарди долари, што е 168,2 отсто повеќе во однос на август 2019 година.

Во август покриеноста на увозот со извоз изнесуваше 66,5 отсто, додека во истиот месец минатата година изнесуваше 85 отсто.

Според податоците на ТуркСтат, во периодот јануари-август оваа година извозот е намален за 12,9 отсто, а увозот за 1,2 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın