економија

Извозници од Турција во посета на Северна Македонија

„Турција е меѓу нашите најзначајни сојузници. Но нашите трговски односи остануваат зад политичките односи кои се многу добри. Една од причините е дека Турција е многу поразвиена земја од нас“, рече Азески

Yusuf Şahbaz,Tezcan Ekizler   | 11.09.2019
Извозници од Турција во посета на Северна Македонија (Foto: Yusuf Şahbaz/ AA)

СКОПЈЕ (АА) - Заменик-министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Мехмет Хади Тунч, и неговата делегација составена од членовите на Управниот одбор на Унијата на извозници на свежо овошје и зеленчук од Егејскиот Регион, на покана на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, реализираа посета на оваа земја, со цел развивање на соработката меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).

Турската делегација во овие рамки во Скопје имаше средби со градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Тунч, за време на средбите нагласи дека со посетите кои двете земји заемно ги реализирале во последно време, тие повеќе се обединиле меѓусебно, и дека заемното зголемување на инвестициите позитивно влијаело врз општиот трговски обем.

„Во последните 10 години забележан е раст од 36 отсто во општиот трговски обем. Тоа е позитивно за двете земји. Подготвени сме со Северна Македонија да реализираме соработка во бројни насоки, со цел позитивно да ги развиеме нашите односи во областа на земјоделството“, рече Тунч, додавајќи дека во рамки на посетата се фокусираат на соработката меѓу двете земји.

Потсетувајќи дека Турција на 15 јули 2016 година била изложена на предавнички обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, Тунч рече: „Тие кои го планираа овој предавнички пуч, во бројни земји во светот и на Балканот најдоа можност да се структурираат. Имаме информации и за активностите и за присуството на оваа организација во Северна Македонија. Упатуваме благодарност за вашата поддршка во борбата против оваа предавничка и лоша организација.“

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозници на свежо овошје и зеленчук од Егејскиот Регион, Хајретин Учак, укажувајќи на старото пријателство меѓу двете земји, нагласи дека ваквите културни и политички односи треба да постојат и во областа на економијата.

„Се надевам дека нашите посети ќе придонесат во економијата на двете земји“, додаде тој.

- „Турција е меѓу нашите најзначајни сојузници“

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Азески, рече дека Турција е меѓу нивните најзначајни сојузници.

„Турција е меѓу нашите најзначајни сојузници. Но нашите трговски односи остануваат зад политичките односи кои се многу добри. Една од причините е дека Турција е многу поразвиена земја од нас. Светскиот пазар има значење за вас. [Турција] е меѓу 20-те најразвиени земји, но ние сме мала земја“, рече Азески.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Георгиевски, ја информираше турската делегација за можностите за инвестиција во регионот, и истакна дека неговата општина е еден од најразвиените населени места во земјата.

Георгиевски нагласи дека тие како општина поседуваат земјишта за давање под наем или за продавање, кои се соодветни и за индустрија и за земјоделство, и дека подготвени се да направат сѐ за да им помагаат на инвеститорите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın