Турција, економија

Ердоган: Во последниот период Турција бележи прилив на меѓународен капитал

Ердоган во видеопораката до учесниците на 11. Босфорски самит го нагласи значењето на проценката на ефектите, ефикасноста и влијанието на инвестициите

Aysu Biçer,Gökhan Ergöçün   | 08.03.2021
Ердоган: Во последниот период Турција бележи прилив на меѓународен капитал

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека „живееме во време кога со пандемијата на Ковид-19 светот се соочува со сè почести критики за светскиот економски систем“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган во видеопораката до учесниците на 11. Босфорски самит го нагласи значењето на проценката на ефектите, ефикасноста и влијанието на инвестициите.

Турскиот претседател потсети дека Турција бележи сè поголем прилив на меѓународен капитал. „Во последниот период Турција бележи прилив на меѓународниот капитал“, рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека земјата ќе ги поддржи импакт-инвестициите што ќе бидат од витално значење за постигнување на одржлива економија.

„Инклузивноста и одржливоста на инвестициите се исто толку важни колку и големината на инвестициите“, истакна тој.

„Секоја инвестиција што не се смета за социјално добро е нецелосна инвестиција. Импакт-инвестициите, комбинирани со одржливост, социјалното претприемништво и општествената одговорност, претставуваат важни можности за човештвото“, рече Ердоган.

„Би било од големо значење да се поддржат компаниите кои го здружуваат овој иновативен пристап со сегашните услови на деловниот и социјален живот. Ние ќе ја обезбедиме целата поддршка неопходна за напорите во импакт-инвестициите како Претседателство и преку нашите институции“, изјави Ердоган.

Тој нагласи дека пандемијата на коронавирусот длабоко влијаела врз економијата, а исто така негативно влијаела во многу други области, од политика до социјалниот живот.

„Турција е меѓу ретките земји што ја надминаа оваа криза со минимална штета“, рече тој.

Ердоган исто така истакна дека економијата на Турција се зголемила за 1,8 отсто во 2020 година - најмногу во светот по Кина.

Тој рече дека во најтешките денови од пандемијата, Турција им помогнала на 157 земји и 12 меѓународни организации со медицинска поддршка.

„Владината поддршка за турските граѓани против ефектите на пандемијата, во меѓувреме, достигна вредност од 311 милијарди турски лири (над 40 милијарди долари)“, додаде тој.

На 11. Босфорски самит, организиран од Меѓународната платформа за соработка  (ICP), присуствуваа меѓународни академици, политичари и експерти. Живеењето во време на несигурност е неговата главна тема.

Дводневниот самит ќе се фокусира на неколку области, како што се земјоделството, меѓународната соработка, паметните градови, одбранбената индустрија, кинеската иницијатива „Еден појас еден пат“, иднината на финансискиот сектор и дигитализацијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.