економија

Експерт на Светската банка: „Во Турција не очекуваме рецесија“

Менаџерката на Групата за проценка на економскиот напредок и авторка на извештајот за Глобалната економска состојба ги отфрли тврдењата на некои странски медиумски куќи, кои најавија можна економска криза во Турција.

Gökhan Kurtaran   | 09.01.2019
Експерт на Светската банка: „Во Турција не очекуваме рецесија“

London, City of

ЛОНДОН (АА) - ЃОКХАН КУРТАРАН – Главната економистка на Светската банка, Франциска Оносорге, изјави дека во Турција оваа година не очекува рецесија, туку постепено зголемување на економскиот раст, јавува Anadolu Agency (AA).

Менаџерката на Групата за проценка на економскиот напредок и авторка на извештајот за Глобалната економска состојба ги отфрли тврдењата на некои странски медиумски куќи, кои најавија можна економска криза во Турција.

Оносорге за АА изјави дека сите анализи не предвидуваат рецесија во Турција во претстојниот период.

Таа истакна и дека Светската банка поседува опсежна база на податоци за варијациите на вредноста на валутите и економскиот раст на земјите за изминатите три или четири децении.

„Анализиравме што се случува при остар пад на вредноста на валутите. Со прегледот на земјите кои во една година забележаа пад на вредноста на валутата поголем од 30 отсто, сфативме интересна работа дека таквите ситуации не се причинители на рецесија во тие земји. Очекувањата за Турција ги базираме токму на тие тврдења“, изјави Оносорге.

Истакнувајќи дека Турција не се разликува многу од земјите кои во изминатите децении забележале груб пад на вредноста на валутите, Оносорге изјави дека во Турција очекува постепен економски прогрес.

„Во 2019 година очекуваме благо подобрување и раст на турската економија за 1,6 отсто. Таков случај беше и со земјите кои забележаа пад на вредноста на валутите во изминатите години“, изјави Оносорге и додаде дека во 2020 година очекува раст на турската економија и до три отсто, а година потоа и до 4,2 отсто.

Во извештајот на Светската банка, стапката на очекуваниот глобален економски раст минатата година е намалена од 3,1 на 3 отсто, а растот за тековната година од 3 на 2,9 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın