свет, економија

Грчката економија регистрира пад од 8,2 проценти

Според податоците на Институтот за статистика на Грција, извозот на стоки и услуги се намалил за 13,4 проценти во 2020 година во споредба со последниот квартал од 2019 година, а увозот паднал за 9,5 проценти

Mehmet Hatipoğlu   | 05.03.2021
Грчката економија регистрира пад од 8,2 проценти

КОМОТИНИ (AA) - Грчката економија доживеа пад за 8,2 проценти во 2020 година како резултат на ефектот од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Институтот за статистика на Грција (ELSTAT), Бруто домашниот производ (БДП) на земјата во 2020 година е утврдено дека изнесува 168,5 милијарди евра, што значи дека е намалена за 8,2 проценти во споредба со претходната година.

Бруто домашниот производ на Грција во 2019 година изнесуваше 183,6 милијарди евра.

Според податоците на Институтот за статистика на Грција, извозот на стоки и услуги се намалил за 13,4 проценти во 2020 година во споредба со последниот квартал од 2019 година, а увозот паднал за 9,5 проценти.

Од друга страна, според податоците потрошувачките трошоци на семејствата се намалија за 5,2 проценти, а јавните расходи во земјата се зголемија за 2,7 проценти.

Експертите посочуваат дека земјата, чиј најголем приход зависи од туризмот, е под големо влијание на епидемијата на Ковид-19.

Грција е на трето место меѓу земјите со најлоши економии во Европската Унија, по Шпанија (минус 11 проценти) и Италија (минус 8,9 проценти).

И покрај осумгодишната програма за спасување на економијата, која заврши на 20 август 2018 година, Грција сè​​​​​​​ уште е меѓу земјите со најголем сооднос на јавниот долг кон БДП.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın