економија

Германската економија во вториот квартал падна за рекордни 10,1 проценти

БДП по глава на жител изнесуваше 9.238 евра во вториот квартал, што е значително помалку во однос на истиот квартал во 2019 година кога изнесуваше 10.197 евра

Gökhan Ergöçün   | 31.07.2020
Германската економија во вториот квартал падна за рекордни 10,1 проценти

БЕРЛИН

Германската економија во вториот квартал од 2020 година падна за рекордни 10,1 отсто во однос на претходниот квартал како последица на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) која силно ја погоди потрошувачката, корпортативните влошувања и извозот, покажаа прелиминарните податоци на германскиот Статистички оддел Дестатис, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Тоа е највисок квартален пад од 1970 година кога започна собирањето на податоците за бруто-домашниот производ (БДП) во Германија.

Според податоците на Дестатис, цените и БПД паднаа за 10,1 отсто во периодот април-јуни, по падот од 2 отсто во првиот квартал оваа година.

Германскиот БДП во второто тромесечје изнесуваше 768 милијарди евра, што е огромен пад во однос на истото тромесечје минатата година кога изнесуваше 846,9 милијарди евра.

БДП по глава на жител изнесуваше 9.238 евра во вториот квартал, што е значително помалку во однос на истиот квартал 2019 година кога изнесуваше 10.197 евра.

Кон средината на март, германската влада воведе бројни рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на Ковид-19. Тие мерки вклучуваа ограничувања во јавниот живот, затворање на границите и прислилен прекин на производството, што резултираше со многу негативни последици за многумина клучни индустрии во Германиј во месеците кои следуваа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın