Турција, економија

Во Истанбул започна Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангелите (WBAF)

На кофнеренцијата, Грабар-Китаровиќ порача дека Хрватска посебно ги поддржува аспирациите на соседните земји, како и на целата југоисточна Европа, кога се работи за евроинтеграциите.

Musab Turan,Yunus Türk,Ali Atar   | 18.02.2019
Во Истанбул започна Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангелите (WBAF) (Foto: İslam Yakut/ Anadolu Agency)

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Годишната конференција на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангелите (WBAF) започна денеска во Истанбул, каде што присуствуваат бројни претставници од светот и од регионот, меѓу кои и Зоран Шапуриќ, министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, во своето обраќање на Конференцијата рече дека денешниот настан е „показател колку сме напредувале и дека заедно сме на вистинскиот пат“. „Оваа конференција не е важна само за Хрватска, туку и за Европската Унија. Нашите граѓани очекуваат нови работни места, но и попросперитетна и подобра иднина“.

Оваа конференција, како што рече, на Хрватска ѝ понуди можност да го прошири знаењето за светот чиј дел сите сакаме да бидеме.

„За светот во кој иновациите се почетна точка на економскиот раст и креирање нови работни места. За светот кој нуди подобар живот на нашите млади“, истакна хрватската претседателка.

Таа порача дека Хрватска посебно ги поддржува аспирациите на соседните земји, како и на целата југоисточна Европа, кога се работи за евроинтеграциите.

„Во тој контекст Хрватска верува дека е од витален интерес за ЕУ останувањето на Турција на европскиот пат“, додаде Грабар-Китаровиќ, истакнувајќи ја важноста на партнерството на Турција со ЕУ во врска со мигрантската криза и борбата против тероризмот.

Потсетувајќи дека Хрватска направила големи чекори во насока на развојот и јакнењето на економијата, Грабар-Китаровиќ рече дека пред нејзината земја во таа смисла и понатаму е долг пат.

Anadolu Agency (AA) е глобален комуникациски партнер на Конференцијата која ќе собере околу 1.000 угледни светски претприемачи и инвеститори.

Во рамките на 23 панели во текот на Конференцијата ќе се обратат 110 говорници од различни земји.

Организаторите очекуваат инвеститори од 82 земји, на кои во последниот ден на форумот ќе им бидат презентирани бројни проекти.

Меѓу останатите, учество на конгресот најавија и шпанската Инвестициска агенција ICEX, Министерствто за развој на Гана и делегација на Светската банка, како и европските и блискоисточните ограноци на WBAF.

На Конференцијата присуствува претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, министерот за претприемништво, Дарко Хорват, селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, како и членот на репрезентацијата, фудбалерот Домагој Вида. Турција, земјата во која ќе биде одржана Конференцијата, ќе ја претстави министерот за млади и спорт, Мехмет Касапоглу.

Со цел привлекување инвеститори, во рамките на Конференцијата ќе биде прикажан промотивниот филм за Хрватско Загорје, а WBAF на министерот Дарко Хорват ќе му додели признание за отворањето на својот прв европски кабинет.

Косово ќе го претставува претседателот на Собранието, Кадри Весели.

- Договор за соработка со Гана

Гана на Коференцијата ќе ја претставува министерот за развој, Ибрахим Авал, кој во име на својата земја со претставниците на WBAF ќе потпише и договор за соработка на планот на економскиот развој.

Потпретседателот на американската електронска берза на акции, Насдак, со седиште во Њујорк, Карстен Боринг, ќе учествува на посебна сесија наречена „Насдак разговори“.

Европскиот инвестициски фонд (EIF) ќе биде домаќин на посебно предавање за структурата и формирањето на инвестициските фондови.

Во текот на Конференцијата планирани се шест работилници на кои ќе учествуваат инвеститори и предавачи од Монте Карло, Сингапур, Њујорк и другите делови на светот.

Пред самиот крај на форумот ќе бидат доделени и признанија и награди на гала-вечерата, на која минатата година присуствуваше македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.