економија

Влијанието на Ковид-19 врз економијата во регионот: Е-трговијата во пораст, пад на туризмот и угостителството

Анализата на Асоцијацијата за е-трговија покажува дека граѓаните во Северна Македонија во е-продавниците во првите три месеци од годинава потрошиле вкупно 28,9 милионни евра онлајн, а само во месец март 10,1 милион евра

Ekip   | 01.08.2020
Влијанието на Ковид-19 врз економијата во регионот: Е-трговијата во пораст, пад на туризмот и угостителството

СКОПЈЕ/ПРИШТИНА/ТИРАНА

Пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) освен што предизвика криза во здравството, предизвика и промени во однесувањето на луѓето и ги смени секојдневните навики, а со тоа предизвика и промени во економијата, пишува Агенција Анадолија (АА).

Во тој контекст, одредени сектори во економијата трпат загуби, а од друга страна одредени сектори бележат раст.

Од кризата предизвикана од Ковид-19, во светот, но и во земјите во регионот, навеќе се погодени туристичкиот сектор, како и другите сектори поврзани со туризмот, односно угостителството, занаетчиството и транспортот, но исто така одложени се и инвестициите во градежништвото и другите бројни инвестициски проекти како во јавниот така и во приватниот сектор. Од друга страна, она што е забежелително во котенкст на промените во економијата е зголемувањето на е-трговијата, односно онајлн продажбата во време на пандемијата.

- Раст на е-трговијата во Северна Македонија

Додека повеќето сектори во економијата трпат загуби и се борат за опстоување поради кризата предизвикана од Ковид-19, забележан е раст на електронската трговија (е-трговија) во Северна Македонија.

Анализата на Асоцијацијата за е-трговија покажува дека граѓаните во Северна Македонија во е-продавниците во првите три месеци од годинава потрошиле вкупно 28,9 милионни евра онлајн, а само во месец март 10,1 милион евра. Ова претставува пораст од 17,9 милиони евра (61,5%), во однос на периодот во првите три месеци од претходната година. Податоците покажуваат дека е-трговијата, во месец март оваа година, пораснала за 99% во однос на март претходната година.

Пандемијата со корона вирусот влијаеше кон промена на навиките на домашните купувачи, кои голем дел од онлајн купувањето наместо кон странски земји го пренасочија кон домашни е-продавници. Влијание кон ова секако има и затворањето на границите и комплексноста која се појави со доцнењето со испорака на производи купени од странство, како и стравот од нарачка на производи кои потекнуваат пред се од земји кои беа со голем број на заразени од вирусот Ковид-19.

Според анализата, 59,4 отсто од вредноста на онлајн-трансакциите реализирани со платежни картички издадени во земјава останале во земјава, додека 40,6 отсто од трансакциите се реализирани кон онлајн-трговци во странство.

- Туризмот и угостителството погодени од Ковид-19

Во Република Северна Македонија спроведена е студија за ефектите предизвикани од Ковид-19 врз туристичко-угостителскиот сектор со препораки за справување со економските ефекти. Истражувањето го спроведоа Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ и Сојуз на стопански комори на Македонија.

Студијата покажува дека до август-септември масовно е откажувањето на аранжманите а има и драстичен пад на бројот на туристи кои се очекуваат од странство.

На повеќето компании од туризмот и угостителството ќе им требаат најмалку шест-месеци до една година да се опорават ако епидемијата со Ковид-19 заврши до крајот на 2020 година.

Според студијата, предвидени се две сценарија. Според првото сценарио, ако кризата заврши до крајот на оваа година, зависно од ефектот на мерките коишто ќе бидат преземени отпуштени од работа би биле од 2.000 - 12.000 лица. Падот на туризмот ќе биде преку 200 милиони долари или над 50 отсто од планираните проекции, а опоравувањето од кризата би било во 2023 година. Според второто сценарио, ако кризата трае и по 2020 година ќе згаснат 4.000 - 20.000 работни места, падот на приливот ќе биде преку 80 отсто а опоравувањето може да се очекува во 2027 година.

Кај речиси 100% од хотелите се откажани резервациите за април, мај, јуни, за јули има откажувања кај групни резервации кај 89 отсто од хотелите, за август кај 69 отсто од хотелиерите, за септември откажувањата се кај 50 отсто од испитаниците, а октажувања има и за декември и јануари 2021 година.

Со цел подобрување на состојбите во туристичкиот сектор, во студијата се наведува дека е непоходно стимулирање на домашниот туризам преку воведување посебни субвенционирани аранжмани и спроведување силна кампања за поттикнување на внатрешниот туризам. 

Од кризата предизвикана од Ковид-19 погодени се и занаетчиите, реалната состојба ја отсликува состојбата на терен. Едно од најпосетуваните места од страна на туристите кои доаѓаат во Скопје е Старата чаршија, а занаетчиите велат дека веќе со месеци се на работ на егзистенцијата и дека само уште месец и половина можат да издржат да работат, а дека потоа доколку не се смени состојбата, ќе бидат приморани да ги затворат дуќаните, како што тоа го направиле поголем дел од дуќанџиите во чаршијата.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристите е значитело намален. Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи што е 99,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

- Намалена продажбата на недвижностите, цените непроменети

Коронавирусот ја намали и продажбата на недвижности, но цените останаа непроменети. Поради кризата, претежно се купуваат станбени објекти, а закупот е сведен на минимум. Според агенциите за недвижности во Скопје, пазарот бележи раздвижување по двомесечната пауза поради кризата од Ковид-19, но раздвижувањето е забележително само кај продажбата на становите, каде нема промени во цените. Намален е интересот за закуп на становите, а продажба и издавање на куќи речиси и да нема.

- Албанија: Намален бројот на туристите поради Ковид-19

Економската штета предизвикана од пандемијата на Ковид-19, која главно се забележува со пад на побарувачката затоа што нема клиенти да купуват стока и услугите достапни во глобалната економија, исто како во цел регион се одразува и во Албанија.

Еден од највеќе погодените сектори од пандемијата е туризмот, кој оваа година има недостиг од странски туристи, во споредба со ситуацијата во минатите години.

Според Здружение на тур-оператори и туристички агенции на Албанија, оваа летна сезона во земјата има само 20 проценти од вкупниот број на туристи кои ја посетуваат земјата во летиниот период, и тоа има директно влијание врз економијата на земјата.

За време на спроведувањето на мерките против ширењето на Ковид-19, затворени беа многу бизниси, а со оглед на оваа состојба во некои сектори се зголеми онлајн продажбата.

Според официјалниот извештај на Народната банка на Албанија, здраствена вонредна состојба предизвикана поради ширењето на Ковид-19 и мерките на властите против ширењето на вирусот, во Албанија претставуваат предизвик за економската и финансиската стабилност на земјата, за финансиите на бизнесите и на домаќинства, како и за одржливноста на економскиот раст на земјата, на среден и долг рок.

- Пандемијата ја влошува економската ситуација во Косово

Мерките воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19 многу влијаеа на влошување на ситуацијата, која и онака не беше добра во Косово.

Последиците од пандемијата ги трпат пред се малите и средните претпријатија, посебно стекторот гастрономија и недвижнини. Единствено цело време работеа аптеките и прехрамбените трговски дуќани, но опадна и куповната моќа на граѓаните, како поради намалените плати, така и поради отпуштање од работа.

Според податоците од Даночната служба, во Косово се вработени 320 илјади работници, од кои 85 илјади во јавниот сектор. Според предвидувањатана Владата, поради пандемијата, без работа можат да останат околу 100.000 работници во приватниот сектор. 

Истражувањето на Стопанската комора на Косово од април оваа година покажува дека речиси 92 отсто од претпријатијата изјавиле дека продажбата опаднала како резултат на кризата. Од тоа, 22 отсто наведуваат дека продажбата е намалена за преку 50 отсто. Над 80 отсто од анкетираните претпријатија од сите сектори забележиле пад на продажбата. Продажбата во градежниот сектор кај 70 отсто од испитаните претпријатија паднала за 50 отсто. Околу 60 отсто претпријатија во останатите сектори исто така пријавуваат пад на продажбата за повеќе од 50 проценти. 

Секторот на гастрономијата или HoReC, што е скратенца од „Хотели, Ресторани и Кетеринг" и давателите на услугите имаа големи губитоци поради мерките воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19. 

Според истражувањето направено на барање на Здружението на гастрономи на Косово се проценува дека губитоците се значајни за директниот сектор, но и за останатите сектори кои на одреден начин се поврзани со овој сектор. Единствен дозволен облик на дела на активности беше пружањето на храна со достава, што донесе симболичен паричен промет. 

Истражувањето покажа дека кај 67,8 % бизнисите во гастрономијата имаа пад од 100% од својот месечен промет во однос на 2019 година. А категоријата која највеќе е погодена се нивните работници. 52,9% бизнисите изјавија дека се приморани да ги отпуштат сите работници. 75,9% анкетирани претпријатија кои имаат кредити за зголемување на капацитетите на претрпијатијата, кои имаат кредити за зголемување на капацитетите на петпријатијата, на крајот на месецот немаа доволно финансиски средства за плаќањето на ратата на кредитот поради привременото затворање на претпријатија и недостаток на ликвидноста.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın