свет, економија

Буџетски дефицит и пораст на јавниот долг во земјите на ЕУ

Меѓу земјите членки на ЕУ, земји со најголем буџетски дефицит во 2020 година се Шпанија со 11 %, Малта со 10,1 %, Грција со 9,7 %, Италија со 9,5 %, Белгија со 9,4 %, Франција и Романија со 9,2 % и Австрија со 8,9 %

Ata Ufuk Şeker   | 22.04.2021
Буџетски дефицит и пораст на јавниот долг во земјите на ЕУ

БРИСЕЛ (АА) - Буџетскиот дефицит и јавниот долг на Европската Унија (ЕУ) рапидно се зголемија во 2020 година по појавата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави податоците за буџетскиот дефицит и јавниот долг на ЕУ и еврозоната за 2020 година.

Соодветно на тоа, односот на буџетскиот дефицит кон бруто-домашниот производ (БДП), што изнесуваше 0,5 % во 2019 година во ЕУ, во која членуваат 27 земји, се зголеми на 6,9 % во 2020 година.

Во еврозоната, односот на буџетскиот дефицит кон БДП се зголеми од 0,6 % на 7,2 % во истиот период.

Меѓу земјите членки на ЕУ, земји со најголем буџетски дефицит во 2020 година се Шпанија со 11 %, Малта со 10,1 %, Грција со 9,7 %, Италија со 9,5 %, Белгија со 9,4 %, Франција и Романија со 9,2 % и Австрија со 8,9 %.

Освен Данска, која е земја членка на ЕУ со најниска стапка на буџетски дефицит од 1,1 %, сите останати земји членки на ЕУ го надминаа лимитот од 3 % наведен во Критериумите од Мастрихт.

- Јавен долг -

Додека односот на јавниот долг во однос на бруто-домашниот производ во ЕУ во 2019 година изнесуваше 77,5 %, минатата година се зголеми на 90,7 %.

Односот на јавниот долг во однос на БДП во еврозоната во истиот период од 83,9 % се зголеми на 98 %.

Меѓу земјите членки на ЕУ, Грција со 205,6 % во 2020 година е евидентирана како земја со најголем сооднос на јавниот долг во однос на БДП. По Грција следуваат Италија со 155,8 %, Португалија со 133,6 %, Шпанија со 120 %, Грчката администрација на Кипар со 118,2 %, Франција со 115,7 % и Белгија со 114,1 %.

Во споменатиот период, држави со најмал однос на јавен долг во однос на БДП се Естонија со 18,2 %, Луксембург со 24,9 % и Бугарија со 25 %.

На тој начин 14 земји членки на ЕУ го надминаа 60-процентниот сооднос на јавниот долг наведен во Критериумите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.