економија

Бектеши: „Во Северна Македонија туризмот се смета за приоритетен економски сектор“

„На конференцијата за одржлив туризам, заедно со претставниците на туристичкото стопанство ќе ги дефинираме предизвиците и можностите за рестартирање на туризмот, што е од најголем интерес за туристичката фела во овој момент“, нагласи Бектеши.

Husamedin Gina   | 25.02.2021
Бектеши: „Во Северна Македонија туризмот се смета за приоритетен економски сектор“ ( Foto: Husamedin Gina / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши, истакна дека предизвиците и можностите за рестартирање на туризмот во Северна Македонија, во овој момент се најголем интерес и на туристичката фела и на Министерството за економија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за економија, Крешник Бектеши и швајцарската амбасадорка во земјава, Сибил Зутер Техада, денеска се обратија на Петтата македонска туристичка берза, организирана од страна на Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија (НАИТМ).

Во своето обраќање, министерот Бектеши, истакнувајќи дека Северна Македонија е една од земјите која туризмот го смета како приоритетен економски сектор, рече дека природните ресурси и културно-историските споменици привлекуваат многу домашни и странски туристи.

„На конференцијата за одржлив туризам, заедно со претставниците на туристичкото стопанство ќе ги дефинираме предизвиците и можностите за рестартирање на туризмот, што е од најголем интерес за туристичката фела во овој момент, но и за нас како Министерство за економија“, нагласи Бектеши.

Бектеши во своето обраќање исто така ги охрабри сите чинители во туристичкиот сектор да продолжат со активностите за закрепнување на секторот.

Швајцарската амбасадорка Сибил Зутер Техада истакна дека нејзината земја е длабоко посветена за развивање на туризмот во Северна Македонија, затоа што оваа земја има многу да понуди во таа насока.

„Ова е добра можност и добро време да размислиме малку повеќе за тоа кои се потребите на туристите коишто доаѓаат во Северна Македонија и што можеме ние да понудиме во таа насока“, рече амбасадорката Зутер Техада.

Претседателот на Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија (НАИТМ), Влатко Сулев, истакна дека имаат надеж за иднината на дојдовниот туризам во Северна Македонија, но дека за тоа мора да бидат сплотени, проактивни и подготвени за туристичките сезони.

„Во име на сите туристички работници, апелирам да се направи сѐ за имунизацијата на населението и тоа да се направи во најбрз можен рок“, нагласи Влатко Сулев.

Асоцијацијата ја организира Петтата македонска туристичка берза со поддршка на Швајцарската амбасада преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и преку Швајцарската програма за поддршка на извозот (СИППО).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.