Балкан

Mуслиманите во регионот ја одбележаа ноќта Лејлетул кадр

Голем број верници дојдоа во џамијата „Мустафа Паша“ во Скопје, каде присуствуваа на организираната програма по повод Лејлетул кадр (27. ноќ од месецот Рамазан, ноќ во која започнало објавувањето на Куранот).

Ekip   | 09.05.2021
Mуслиманите во регионот ја одбележаа ноќта Лејлетул кадр ( Foto: Umeys Sulejman / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА 

Со молитви во џамиите и со читање на светата книга Куран, верниците од исламска вероисповед вечерва ја одбележаа Лејлетул кадр (Ноќта на Кадр), јавува Агенција Анадолија (AA).

Голем број верници дојдоа во џамијата „Мустафа Паша“ во Скопје, каде присуствуваа на организираната програма по повод Лејлетул кадр (27. ноќ од месецот Рамазан, ноќ во која започнало објавувањето на Куранот).

Во земјите од регионот, меѓу кои и во Албанија, главниот град на оваа држава, Тирана, со молитви во џамиите се одбележа Лејлетул кадр.

Ноќта на кадр со програма се одбележа и во Косово.

Лејлетул Кадр за муслиманите претставува најважната ноќ во годината. Во оваа ноќ започнала објавата на Куранот, светата книга за муслиманите. Тоа е ноќта за која муслиманите веруваат дека се одредува судбината. Во Куранот, за ноќта Лејлетул Кадр се вели дека е „ноќ повредна од 1.000 месеци".

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın