Балкан

67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Северна Македонија

Според Владата, во Северна Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани, а од земјата досега заминати се 141 цивил на кои траен престој им е обезбеден од повеќе држави низ светот

Ekipa   | 14.01.2022
67 граѓани на Авганистан добија привремен престој во Северна Македонија Фото: Влада на РСМ

СКОПЈЕ (АА) - На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Владата на Република Северна Македонија соопшти дека продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Северна Македонија им обезбедила привремен престој на авганистанските граѓани до заминување во трета држава.

„Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти“, се наведува од Владата.

По слетувањето спроведена е стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Според Владата, во Северна Македонија во моментов престојуваат 579 авганистански граѓани, а од земјата досега заминати се 141 цивил на кои траен престој им е обезбеден од повеќе држави низ светот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.