образование, Балкан

„Продолжуваме со реализацијата на заедничките програми за образование помеѓу Северна Македонија и Албанија"

Како што соопшти Министерството за образование и наука (МОН) на Северна Македонија, министерката Царовска на средбата истакнала дека од суштинско значење е реализацијата на заедничките програми за образованието.

Admir Fazlagic   | 17.12.2020
„Продолжуваме со реализацијата на заедничките програми за образование помеѓу Северна Македонија и Албанија" ( Фото: Министерство за образование и наука на РСМ )

СКОПЈЕ

Унапредувањето и интензивирањето на соработката во областа на образованието на сите нивоа беше тема на денешната официјална средба на министерките за образование на Република Северна Македонија и Република Албанија, Мила Царовска и Евис Куши, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти Министерството за образование и наука (МОН) на Северна Македонија, министерката Царовска на средбата истакнала дека од суштинско значење е реализацијата на заедничките програми за образованието.

„Министерките разговараа за зајакнување на соработката во областа на високото образование. Исто така и за можноста што ја имаат младите од македонската заедница од Албанија за користење на стипендии и студирање на Универзитетите во Република Северна Македонија", се вели во соопштението.

Се додава дека двете министерки разменија искуства за реализирањето на наставата во услови на пандемија и забрзувањето на процесот на дигитализација на образованието којшто се покажа како неминовен во овој период и во двете земји.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın