Балкан

„НАТО одлучи да ни биде врачена поканата да станеме 30-та членка на Алијансата“

„НАТО одлучи да ни биде врачена поканата да станеме 30-та членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји членки во светот“, изјави Заев.

Admir Fazlagic   | 12.07.2018
„НАТО одлучи да ни биде врачена поканата да станеме 30-та членка на Алијансата“ (Foto: Arhiva/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, од Самитот на НАТО во Брисел, даде кратка изјава пред почетокот на работната програма во која изјави дека НАТО одлучи на Македонија да ѝ биде врачена поканата да стане 30-та членка на Алијансата, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Почитувани граѓани на Република Македонија. Од денеска, Македонија оди само напред, а граѓаните нижат уште еден голем успех. Честитам, Македонија! НАТО одлучи да ни биде врачена поканата да станеме 30-та членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји членки во светот“, изјави Заев.

Тој истакна дека „ова е покана за полноправно членство во водечкиот Сојуз, за мир и безбедност на меѓународната сцена.“

Исто така, премиерот Заев ги повика граѓаните, в сабота, на 14 јули, на заедничка прослава низ градовите во Македонија.

„Владата подготвува прослави во 15 градови, во кои со домашна музика ќе си честитаме, затоа што одиме напред и затоа што Македонија влегува во НАТО и чекори кон Европската Унија“, порача Заев.

Од Владата на Република Македонија, вчера, преку соопштение информираа дека Агендата на годинашниот Самит на шефови на држави и влади на НАТО во Брисел денеска предвидува прес-конфереција на генералниот секретар Јенс Столтенберг, и церемонија на врачување на поканата за започнување на пристапните преговори за членство во НАТО на Република Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın