Балкан

„Зголемен е за 30 отсто бројот на случаите на дискриминација во Северна Македонија“

Игор Јадровски, проектен координатор во Хелсиншкиот комитет, истакна дека проектот има за цел спречување и заштита од дискриминација, и дека забележан е раст во бројот на случаите на дискриминација

Abdula Berisha   | 22.08.2019
„Зголемен е за 30 отсто бројот на случаите на дискриминација во Северна Македонија“ (Foto: Abdula Berisha/ AA)

СКОПЈЕ (АА) - Хелсиншкиот комитет во Северна Македонија го објави Годишниот информатор за дискриминација во 2018 година, реализиран во рамки на проектот „Унапредување на човековите права“, поддржан од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

Игор Јадровски, проектен координатор во Хелсиншкиот комитет, истакна дека проектот има за цел спречување и заштита од дискриминација, и дека забележан е раст во бројот на случаите на дискриминација.

„Оваа година имаме регистрирано вкупно 119 случаи на дискриминација што претставува околу 30 посто зголемување на случаите коишто биле документирани минатата година кога имавме 82 случаи“, рече Јадровски, додавајќи дека е зголемен и бројот на реакциите на граѓанските организации и државните институции.

Осврнувајќи се на основата на дискриминацијата, Јадровски нагласи дека дискриминацијата е извршена врз иста основа како и минатата година, како што е личен и општествен статус, полова, етничка и верска припадност, како и сексуална ориентација.

Јадровски рече дека најголемиот број на пријавени случаи, вкупно 45, се во областа на работните односи, што претставува значителен раст бидејќи во 2017 година постоеле само 19 вакви случаи.

„Судовите имаат иницирано 36 постапки за заштита од дискриминација во 2018 година и имаат донесено 49 одлуки. Од овие 49 одлуки 29 одлуки се позитивини, односно е утврдена дискриминација што претставува зголемување на бројот на позитивни одлуки од претходната година“, додаде тој.

Јадровски потети дека оваа година е ратификуван нов Закон за спречување и заштита од дискриминација, кој треба да донесе некои подобрувања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.