Балкан

Чавушоглу: Етничката солидарност во Македонија, треба да биде пример за Европа

Шефот на турската диломатија, Чавушоглу, ја посочи Република Македонија како држава која треба на Европа да и служи како пример за сплотеност на различните етнички и верски заедници

Admir Fazlagic   | 18.06.2017
Чавушоглу: Етничката солидарност во Македонија, треба да биде пример за Европа (Foto: Besar Ademi/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје се одржа заедничка ифтар вечера, во организација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје, во чест на министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу кој престојува во официјална посета на Република Македонија. Во оваа прилика тој истакна дека етничката солидарност, меѓусебно разбирање и почитување, коешто може да се забележи во Македонија помеѓу различните етнички заедници и различни верски припаднсти треба да им послужи на европските луѓе како пример на кој начин се прави тоа, јавува Anadolu Agency (AA).

На организираниот заеднички ифтар присуствуваше државниот врв, предводен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, бројните министри во Владата, државните функционери, претставници на државните организации и институции и многубројни гости.

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Чавушоглу, во својот говор го искажа своето задоволство што е присутен, како што рече , во братска и пријателска Македонија.

Исто така, турскиот министер ги пренесе поздравите од претседателот и премиерот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и Бинали Јилдирим.

Потсети дека во текот на денешниот ден остварил средби со високите државни претставници, меѓу кои со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, како и со неговиот колега Никола Димитров, искажувајќи дека средбите биле исполнителни.

„Навистина постот е споделување и ми причинува задоволство што заедно ја делиме оваа ифтарска вечера. Ова што денеска го слушнав ми причинува особено големо задоволство", рече Чавушоглу, додавајќи дека во Турција постои традиција на заеднички ифтарски вечери, на кои тој, претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и министрите настојуваат да ги споделуваат со народот, како и дека истото тоа го забележал во Македонија.

Министерот Чавушоглу рече дека етничката солидарност, меѓусебно разбирање и почитување, може да се забележи во Македонија помеѓу различните етнички заедници и различни верски припаднсти треба да им послужи на европските луѓе како пример на кој начин се прави тоа.

Шефот на турската диломатија, Чавушоглу, ја посочи Република Македонија како држава која треба на Европа да и служи како пример за сплотеност на различните етнички и верски заедници во време кога Европа се соочува со исламофобија, верска нетрпеливост и поделеност по различни основи. Токму оваа карактеристика, рече министерот, Македонија ја прави различна од другите.

„Ние како Република Турција постојано ќе бидеме на страната на Македонија, поддржуваќи ја за членството во НАТО, затоа што Македонија тоа го заслужува повеќе од сите. Затоа што стабилноста и мирот на Макеоднија е значајна како за регионот така и за цела Европа.

На присутните им се обрати министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров кој истакна дека за него претставува посебна привилегија да биде со своите сограѓани и со неговиот турски колега, министерот Чавушоглу, на вечерашната ифтарска софра за време на светиот месец за муслиманите Рамазан.

„Нашите сограѓани постат од утро до вечер но тоа не е само ритуал да се биде гладен, туку тоа не подучува на вредности, на трпение, лојалност и добар морал. Муслиманите го следат пророкот Мухамед кој вели: Не е од нас тој што легнува сит доколку неговиот сосед е гладен, затоа овие софри се софри каде храната се споделува со пријателите", рече министерот Димитров посакувајќи на сите оние што постат да им бидат прифатени постите.

Заедничкиот ифтар беше последната активност во рамките на официјалната работа посета на шефот на турската дипломатија, кој се сретна со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, премиерот на Република Македонија Зоран Заев, неговиот македонски колега, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и поранешниот премиер на оваа држава и претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На средбите беше истакнато дека Република Македонија и Република Турција имаат одлични билатерални односи во многу области од взаемен интерес, како и поддршката која Република Турција конзистентно ја дава на Македонија во процесот на евроатланските интеграции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.