Балкан, Коронавирус

Црна Гора: Укинат полицискиот час поради Ковид-19, повторно воспоставен меѓуградскиот сообраќај за време на викендот

- Министерството за здравје соопшти дека поради поволниот тренд на епидемиолошката ситуација, од утре до 20 мај во сила стапуваат нови либерализирани мерки

Adel Omeragic   | 11.05.2021
Црна Гора: Укинат полицискиот час поради Ковид-19, повторно воспоставен меѓуградскиот сообраќај за време на викендот Фото: Архива / АА

ПОДГОРИЦА

Во Црна Гора од утре се укинува забраната за излегување од домовите што беше на сила од полноќ до 5 часот наутро, како и забраната за одвивање на меѓуградскиот сообраќај во текот на викендите, соопшти Министерството за здравје на Црна Гора, известува Агенција Анадолија (АА).

Ова министерство информираше дека поради поволниот тренд на епидемиолошката ситуација, од утре до 20 мај во сила стапуваат нови либерализирани мерки.

„Терминот за изведување на музика во живо во градините на угостителските објекти се поместува за еден час и се дозволува од 19 до 22 часот“, соопштија од црногорското Министерство.

Во исто време упатен е повик до граѓаните и бизнисмените што покажале завидна свест за значењето на сочувувањето на јавното здравје, да продолжат да ги почитуваат пропишаните мерки и апелираа до сите инспекции уште поревносно да ги извршуваат контролите.

„Во случај на влошување на епидемиолошката ситуација, повторно, без одлагање ќе биде актуализирана забраната за меѓуградски сообраќај и временското ограничување на слободата на движење“, објави Министерството за здравје на Црна Гора.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.