Балкан, Коронавирус

Црна Гора: Регистрирани се 47 нови случаи на Ковид-19, еден пациент почина

- Во Црна Гора се регистрирани 47 нови случаи на Ковид-19, додека еден заболен почина,

Samir Kajoševic   | 30.06.2020
Црна Гора: Регистрирани се 47 нови случаи на Ковид-19, еден пациент почина

ПОДГОРИЦА

Во Црна Гора се регистрирани 47 нови случаи на Ковид-19, додека еден заболен почина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Инстутот за јавно здравје на Црна Гора изјавија дека во последните 24 часа се анализирани 439 примероци од кои 47 резултати се позитивни.

„Се работи за 18 новозаразени во Рожаје и 12 во Беране. Во Подгорица има 8 новозаразени, во Бар и Никшиќ по 3, Бело Поле 2 и Котор 1. Едниот новозаразен е импортиран, 37 се контакти на претходно потврдени случаи, додека кај девет заразени се трага по изворот на заразувањето“, наведуваат во Институтот.

Како се истакнува во соопштението, од последиците предизвикани од Ковид-19 почина еден заразен пациент од Петњица, на 85 годишна возраст. Во јуни починаа тројца пациенти со Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во март во Црна Гора починаа 12 лица.

Вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус од средината на јуни е 224.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın