Балкан, Коронавирус

Хрватска: Регистрирани 2.046 нови случаи на зараза со Ковид-19, починаа 49 лица

- Штабот на цивилната заштита на Република Хрватска соопшти дека бројката на активни случаи на коронавирус во Хрватска изнесува 14.276

Stipe Majic   | 01.05.2021
Хрватска: Регистрирани 2.046 нови случаи на зараза со Ковид-19, починаа 49 лица

ЗАГРЕБ

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.046 новозаразени со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), додека од последици на заразеност со овој вирус животот го загубија 49 лица, известува Агенција Анадолија (АА).

Штабот на цивилната заштита на Република Хрватска соопшти дека бројката на активни случаи на коронавирус во Хрватска изнесува 14.276. Меѓу нив 2.210 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, од кои 246 се врзани на респиратор.

Последното деноноќие починаа 49 лица од последици предизвикани од заразеност со коронавирус.

„Почнувајќи од 25 февруари 2020, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, досега, регистрирани се 334.229 лица позитивни на Ковид-19, од кои животот го загубија 7.130 лица. Досега во Хрватска оздравеа 312.823 заразени, од кои 2.228 во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Штабот на цивилната заштита на Република Хрватска.

Во самоизолација се наоѓаат 34.826 заразени. Досега во Хрватска се тестирани вкупно 1.814.505 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 10.318 во последните 24 часа.

Заклучно со 30. април, во Хрватска се употребени се 901.120 дози на вакцини.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın