Балкан, Коронавирус

Филипче: „Потврдени 67 нови случаи со Ковид-19, почина 1 лице“

Во Северна Македонија, во последните 24 часа се потврдени 67 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на потврдени случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.382

Husamedin Gina   | 02.06.2020
Филипче: „Потврдени 67 нови случаи со Ковид-19, почина 1 лице“

СКОПЈЕ

Во Северна Македонија, во последните 24 часа се потврдени 67 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на потврдени случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.382, пренесува Агенција Анадолија (AA).

На денешната прес-конференција министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче, соопшти дека во последните 24 часа направени се 868 тестирања, и дека регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19.

Министерот Филипче информира дека e регистриран 1 смртен случаj предизвикан од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 141.

Денеска Институтот за јавно здравје, според министерот Филипче, регистрира 25 оздравени пациенти, со што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 1.594.

Според министерот за здравство, во изминатите 24 часа во земјата направени се 868 тестирања.

Според тоа од почетокот на епидемијата во Северна Македонија реализирани се вкупно 31.170 тестови.

На прес-конференцијата, истакнувајќи дека до четврток ќе биде донесена одлука за евентуално воведување рестриктивни мерки на одредени подрачја, Филипче рече дека Комисијата за заразни болести ги следи бројките на новозаболени пациенти, по што ќе следува донесување соодветни одлуки.

„Целиот овој изминат период состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување на пациенти, големиот број на слободни болнички кревети, нискиот број заразени здравствени работници, бројот на слободни респираторни машини, познатите кластери и сите други индикатори укажуваат дека точно знаеме што се случува и имаме капацитет да се справиме и со овој бран на болеста“, нагласи Филипче.

Наведувајќи дека има суштинска разлика со првиот бран на Ковид-19, Филипче рече дека тогаш не сме знаеле што нè очекува, а дека сега имаме знаење, ресурси и надграден здравствен систем.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın