Балкан

Туск предлага отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија

Според Пендаровски, неговата земја, решавајќи ги споровите кои траеле десетици години, дала придонес во стабилноста на Западен Балкан

Şerife Çetin,Yusuf Hatip   | 12.06.2019
Туск предлага отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија (Foto: Dursun Aydemir/ Anadolu Agency)

БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, истакна дека сите земји членки не се подготвени за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).

Туск во Брисел оствари билатерална средба со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, по што следуваше нивна заедничка прес-конференција.

Туск нагласи дека Северна Македонија во последните две години направила праведни политички чекори кои ќе ги исполнат очекувањата на ЕУ.

„Не сакам да прејудицирам во врска со одлуките на ЕУ. Вие ги исполнивте сите очекувања. Но, искрено, сите земји членки на ЕУ не се подготвени да донесат одлука во наредните денови за отворање на преговорите“, рече Туск.

Тој истакна дека неговите мислења се во насока на отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија врз основа на препораките на Европската комисија, и дека тоа е прашање на време.

Туск нагласи дека внимателно пристапува кон ова прашање.

„Донесувањето заедничка одлука од страна на 28-те земји членки понекогаш трае повеќе од тоа колку што сакам“, додаде тој, потврдувајќи дека местото на Северна Македонија и регионот е во ЕУ.

Претседателот на Северна Македонија, Пендаровски, истакна дека ги развиле нивните односи со соседите, и дека направиле клучни реформи.

Пендаровски изрази задоволство од препораката на Европската комисија за започнување на преговорите за членство на неговата земја.

Според Пендаровски, неговата земја, решавајќи ги споровите кои траеле десетици години, дала придонес во стабилноста на Западен Балкан.

Пендаровски рече дека на овој начин ги отстраниле пречките пред нивното членство во НАТО и ЕУ.

Ова е прва меѓународна посета на Пендаровски, откако на 12 мај ја презеде функцијата претседател на Република Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın