Балкан

Турција го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

По говорите на пратениците, двата предлог закона беа изгласани, со тоа што Големото народно собрание на Турција (ТБММ) го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Sinan Uslu,Adem Balta   | 12.07.2019
Турција го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

АНКАРА (АА) - Турција го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).

На вечерашната седница беа разгледани два предлог закони, меѓу кои и предлог законот за ратификување на Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата.

По говорите на пратениците, двата предлог закона беа изгласани, со тоа што Големото народно собрание на Турција (ТБММ) го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Потсетуваме, претседателот ТБММ, Мустафа Шентоп, за време на неговата неодамнешна посета на Северна Македонија истакна дека Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО за максимум еден месец ќе се ратификува на генералната седница на Собранието.

Земјите-членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во оваа алијанса на 6-ти февруари оваа година. За да стане полноправна земја-членка на НАТО, Протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на сите членки на Алијансата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın