Балкан

Турската Црвена полумесечина подели курбанско месо во Северна Македонија

„Денес во Скопје колевме 50 крупни добитоци, односо 350 удели на месо, врз основа на верските должности и хигиенски услови“, рече Озсој, додавајќи дека месото ќе се подели во Скопје и околните подрачја

Furkan Abdula   | 12.08.2019
Турската Црвена полумесечина подели курбанско месо во Северна Македонија (Foto: Furkan Abdula/ AA)

СКОПЈЕ (АА) - По повод муслманскиот празник, Курбан Бајрам, Турската Црвена полумесечина колеше и додели курбанско месо во различни места во Северна Македонија, пред се во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

Церемонијата за доделување курбанско месо беше организирано во Општинската организација на Црвен Крст во општина Чаир во Скопје, на која учествуваа претставници на Турската Црвена полумесечина, Црвениот Крст на Северна Македонија, како и на културното и хуманитарното здружение Мерхамет.

Нежла Озсој, член на централниот Управен одбор на Турската Црвена полумесечина, во изјава за медиумите истакна дека во земјата дошла заедно со различни претседатели на ограноци на Турската Црвена полумесечина, како и активисти.

Озсој нагласи дека вчера во Струмица колеле 1050 ситни добитоци, чие месо е поделени во околните села.

„Денес во Скопје колевме 50 крупни добитоци, односо 350 удели на месо, врз основа на верските должности и хигиенски услови“, рече таа, додавајќи дека месото ќе се подели во Скопје и околните подрачја.

„Ова колење на курбани го реализираме во соработка со Здружението на Турците од Источна Македонија, Здружението Мерхамет и Црвениот Крст на Северна Македонија. Упатувам благодарност до сите кои дадоа придонес. Нашата цел е (курбанското месо) да им го доставиме на 5.000 семејства. Можно е да биде и 6.000“, истакна Озсој.

Секретарот на Општинската организација на Црвен Крст - Чаир, Алајдин Сулејмани, упати благодарност до Турската Црвена полумесечина за реализираната соработка.

„Исто и оваа година Турската Црвен полумесечина во соработка со општинската организација на Црвен Крст - Чаир и хуманитарното здружение Мерхамет по повод курбан бајрам поделуваат курбанско месо за социјално ранливи семејства во територијата на општина Чаир, во населбите како Газибаба, Дижонска, Топанско Поле“, рече тој.

Џемалудин Лимани, претставник од здружението Мерхамет, рече дека неговото здружение исто така и оваа година дели крубаснко месо.

„Хуманитарното здружение Мерхамет во соработка со Црвената полумесечина и Црвениот Крст и оваа година дели курбанско месо. Започнуваме од Куманово, Скопје и околните скопски села и продолжуваме до Кичево, Струга и Охрид“.

Меѓу другото, Сулејмани на Озсој му додели признание за успешната соработка меѓу Турската Црвена полумесечина и Црвениот Крст на Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.