Балкан

Тачи: Доколку обвинението се потврди, ќе поднесам оставка

Претседателот на Косово рече дека е можно да се прават грешки во политиката, но воени злосторства никогаш

Zylfije Adem Jakupi   | 29.06.2020
Тачи: Доколку обвинението се потврди, ќе поднесам оставка

ПРИШТИНА

Претседателот на Косово Хашим Тачи вечерва изјави дека ќе поднесе оставка доколку обвинението на Специјалниот суд против него се потврди, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во своето прво обраќање на јавноста откако минатата недела е соопштено дека Специјалното обвинителство во Хаг до Специјалниот совет на Косово на испитување поднеле обвинение со кое Хашим Тачи, Кадри Весели и други лица „се обвинуваат за низа злосторства против човечноста и воени злосторства“, Тачи рече дека Косово мора да обезбедни стабилно функционирање на државните институции, под какви било околности.

„Во наредните денови ќе се консултирам со политичките лидери за наредните чекори. Ве уверувам уште еднаш, нема да се соочам со правдата од оваа канцеларија. Ако обвинението се потврди, веднаш ќе поднесам оставка од позицијата ваш претседател и ќе се соочам со обвинението. Косово е млада држава, но нејзините лидери мораат да се однесуваат како вистински државници. Ќе го носам тоа бреме и ќе се бранам себеси, нашата борба за слобода, со сета сила што ја имам“, рече Тачи.

Тој истакна дека нема да дозволи овие лажни обвиненија да го одвлечат вниманието на Косово од заземањето на своето место во меѓународната заедница, као и членка на Обединетите нации, НАТО и Европската унија.

Тачи рече дека Косовската историјата имала многу тешки периоди и додаде дека ова е нов период, и во овој момент не знае колку тој ќе биде тежок за него. Порача дека е подготвен да го испише ова поглавје со својата вистина пред било кого.

„Не знам дали тоа е случајност или сплетка - пред патот кон Белата куќа - да се појави непотврдно обвинение. Дали ова ќе биде последната цена која се плаќа за слободата на Косово?“, се запраша Тачи.

Тој нагласи дека соопштеието на Специјалниот суд растурило и оневозможило многу важниот состанок во Белата куќа, нанесувајќи силен удар на можноста за постигнување мир измеѓу Косово и Србија.

Тачи рече дека е голем скандал објавувањето на обвинеието кое не е потврдено од судскиот совет, и дека ниту едно претпоставено злосторство на било кого не оправдува јавен линч.

„Никакви добри намери и голема желба за правда не ги оправдува измислените медиумски бомби за инкриминација на шефовите на државата Косово, во момент кога дијалогот со Србија влезе во нова фаза благодарение на директната посветеност на Белата куќа“, рече Тачи.

Тој оцени дека Специјалниот суд растурил и оневозможил многу важен состанок во Белата куќа, нанесувајќи силен удар на можноста за постигнување мир меѓу Косово и Србија.

„Би бил најсреќен кога би видел дека меѓународната заедница применува исти стандарди меѓу Косово и Србија во решавањето на воените злосторства. За жал, не само што не ја гледам таа стандардна пропорционалност, туку гледам сосема спротивно. Е еве нѐ денес. Србија е на пат за преговори за членство во Европа, додека Косово не ги ужива правата на слободно движење! Се разбира, тука не гледам никакви заговор против Косово, но факт е постоењето на разликата во пристапот на меѓународната заедница кон двете држави“, рече Тачи.

Претседателот на Косово рече дека можеби правел грешки во политиката, но воените злосторства никогаш. Порача дека и да се врати во црното време на Слободан Милошевиќ, би го сторил истото, одговарајќи на непријателските куршуми со гладтта за слобода, неосветувајќи му се на ниту еден српски, ромски или албански граѓанин.

Тачи истакна дека тенденциозни се зборови дека тој ја попречувал работата на судот, но од друга страна, некој мора да изведе биланс на оваа 21 години истрага, процеси и судења за воени злосторства на Косово.

Тачи рече дека истовремено паднала тешка тишина врз воените злосторства на Србија, а таа тишина на Србија уште повеќе ја влошува молкот на меѓународната заедница. Тој порача дека не се сложува ниту да го прифати фактот дека не треба да постојат меѓународни изјави за илјадници Албанци исчезнати од убиствените машини на Слободан Милошевиќ, чии остатоци се наоѓаат на тлото на Србија.

Тачи се запраша дали ова обвинение треба да биде последната цена за слободата на Косово, меѓутоа, како што наведе, тоа не и нанесува штета на неговата доверба во вредностите кои САД и Белата куќа претставуваат за него и граѓаните на Косово.

- Специјалното обвинителство во Хаг

Минатата недела беше соопштено дека Специјалното обвинителство во Хаг на 24. април до Специјалните совети на Косово поднело на испитување обвинение со кое претседателот на Косово Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весели и други лица „се теретат за низа злосторства против човечност и воени злосторства.“

„Во обвинението се наведува дека Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомичени од обвинението имаат кривична одговорност за речиси 100 убиства. Жртвите на овие кривични дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат и меѓу нив се наоѓаат косовски Албанци, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници“, се вели во соопштението на Специјалниот совет. Во продолжение се наведува дека обвинението претставува исклучително обвинение и дека е „резултат на доготрајна истрага и го одржува уверението на обвинителството дека може надвор од разумниот сомнеж, да ги докаже сите обвиненија што се содржани во него.“

Судијата за претходната постапка на Специјалниот совет на Косово моментално го истражува обвинението со цел да одлучи дали да го потврди.

„Специјалниот обвинител сметаше дека е неопходно за обвинението да издаде јавно соопштение поради континуираниот обид на Тачи и Весели да ја попречуваат и поткопуваат работата на Специјалниот совет“, се вели во соопштението.

„Според наведеното, Тачи и Весели, спровеле тајна кампања со цел да се укине законот со кој Специјалниот совет треба да биде основан како суд, како и на друг начин извршувале опструкции на работата на судот, а се со цел тие самите да не бидат изведени пред лицето на правдата. Со таквите постапки Тачи и Весели покажале дека личните интереси им се поважни од жртвите на нивните злосторства, принципите на правна држава и целиот народ на Косово“, се истакнува во соопштението.

Специјалното обвинителство првото обвинение го поднесе во февруари оваа година, а уште едно во април. Од јануари 2019. година на испитување во Хаг беа повикани повеќе од 200 поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово, било во својство на осомничени или својство на сведоци.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın