Балкан, Коронавирус

Србија: Уште 11 лица починаа од Ковид-19, 357 новозаразени

Во земјата има 3.173 активни случаи на коронавирусот, додека од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 17.076 случаи

Bojana Stojanovic   | 08.07.2020
Србија: Уште 11 лица починаа од Ковид-19, 357 новозаразени

БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 11, а дијагностицирани се 357 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во земјата има 3.173 активни случаи на коронавирусот, додека од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 17.076 случаи.

Од вчера тестирани се 8.567 лица, од кои 357 се позитивни на коронавирусот.

Во претходните 24 часа починаа уште 11 лица, со што досега како последица на коронавирусот починаа 341 лице. Процентот на смртност е два отсто.

На респиратор се приклучени 118 лица.

Досега се тестирани 464.171 граѓанин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın