Балкан, Коронавирус

Србија: Пристигнаа уште 50.000 дози од руската вакцина „Спутник V“

- Во Србија вчера пристигнаа и 150.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“, а во земјата вакцинацијата се спроведува и со вакцината на „Синофарм“ и „Фајзер“.

Bojana Stojanovic   | 22.02.2021
Србија: Пристигнаа уште 50.000 дози од руската вакцина „Спутник V“ Фото: Министерство за иновации на Србија

БЕЛГРАД 

Уште 50.000 дози од руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ пристигнаа денес во Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ наведе дека вакцините пристигнале од фабриката „Биокад“ во Санкт Петерсбург, каде што пред два месеца, во присуство на рускиот државен врв, е започната линија за производство на таа вакцина.

Тој изрази задоволство дека испораката на вакцината од Русија се спроведува според договорената динамика.

„Договоривме набавка од два милиони вакцини од Русија. Очекувам дека до крајот на март, односно за време на првата половина на април, сета договорена количина на вакцината ќе биде испорачана на Србија“, изјави Поповиќ.

Министерот истакна дека вакцините што утринава пристигнале во Белград веднаш ќе бидат доставени до Институтот „Торлак“, од каде што ќе бидат дистрибуирани на пунктовите за вакцинација низ Србија.

Во Србија вчера пристигнаа и 150.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“, а во земјата вакцинацијата се спроведува и со вакцината на „Синофарм“ и „Фајзер“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın