Балкан, Коронавирус

Србија: Од коронавирусот починаа 20 лица, заразени уште 1.317 лица

Во болниците низ земјата има 5.304 пациенти позитивни на Ковид-19, од кои 199 се на респиратори

Bojana Stojanovic   | 17.01.2021
Србија: Од коронавирусот починаа 20 лица, заразени уште 1.317 лица

БЕЛГРАД (АА) - Во Србија од последиците предизвикани од коронавирусот во изминатите 24 часа починаа 20 лица, а регистрирани се 1.317 новозаразени, јавува Агенција Анадолија (AA).

Во болниците низ земјата има 5.304 пациенти позитивни на Ковид-19, од кои 199 се на респиратори.

Од вчера на Ковид-19 тестирани се 7.730 лица, од кои 1.317 се позитивни на вирусот.

Во истиот период починале 20 лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 3.750. Процентот на смртност е 1,01 отсто.

Во Србија досега регистрирани се вкупно 372.533 случаи на коронавирусот.

Досега тестирани се 2.476.551 жител.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın