Балкан, Коронавирус

Србија: Ковид-19 причина за смртта на 35 лица, регистрирани 2.732 новозаразени

- Во болниците низ Србија во моментов се лекуваат 7.890 пациенти, од кои 266 се на респиратор

Bojana Stojanovic   | 11.04.2021
Србија: Ковид-19 причина за смртта на 35 лица, регистрирани 2.732 новозаразени

БЕЛГРАД

Во последните 24 часа во Србија од последиците на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 35 лица. Во истиот период детектирани се 2.732 новозаразени, известува Агенција Анадолија (АА).

Во болниците низ Србија во моментов се лекуваат 7.890 пациенти, од кои 266 се на респиратор.

Во последното деноноќие тестирани се 10.898 лица, од кои 2.732 биле позитивни. Во истиот период од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 35 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од заразеност со коронавирусот се зголеми на 5.735. Процентот на смртност во Србија изнесува 0,89%.

Вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 во Србија изнесува 642.208. Досега во земјата се тестирани 3.588.296 примероци сомнителни на коронавирус.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın