Балкан

Спасовски- Циолос: „Северна Македонија е подготвена да започне преговори со ЕУ“

„Во оваа пригода преку европските пратеници упатив порака до сите земји членки на Европската Унија да донесат позитивна одлука за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија“, нагласи премиерот Спасовски

Husamedin Gina   | 21.02.2020
Спасовски- Циолос: „Северна Македонија е подготвена да започне преговори со ЕУ“ ( Foto: Husamedin Gina / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ (АА) – Техничкиот премиер на Северна Македонија, Оливер Спасовски, истакна дека на денешната средба со претседателот на парламентарната група „Renew Europe“, Дациан Циолос, упатил порака до сите земји на ЕУ да донесат позитивна одлука за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пратениците од Европскиот парламент кои се претставници на парламентарната група „Renew Europe“, заедно со претседателот на групата, Дациан Циолос, денеска имаа средба со премиерот на Владата, Оливер Спасовски.

По средбите во Владата, премиерот Оливер Спасовски и претседателот на парламентарната група „Renew Europe“, Дациан Циолос, одржаа заедничка прес-конференција.

Истакнувајќи дека Северна Македонија покажала политичка зрелост и институционален капацитет за сериозни реформи, премиерот Спасовски рече дека преку претседателот на парламентарната група „Renew Europe“, Дациан Циолос и европските пратеници, упатил порака до земјите од ЕУ да донесат позитивна одлука за започнување на преговорите со Северна Македонија.

„Во оваа пригода преку европските пратеници упатив порака до сите земји членки на Европската Унија да донесат позитивна одлука за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија“, нагласи премиерот Спасовски, додавајќи дека Северна Македонија покажала политичка зрелост и дека во наредниот период очекува иста таква зрелост и од земјите членки на ЕУ.

Како што посочи премиерот Спасовски, политичка зрелост од земјите членки на ЕУ бара да не се даваат аргументи за зајакнување на националистичката и антиевропска реторика во Северна Македонија, која може да го стави во ризик Договорот од Преспа и реформските процеси.

Претседателот Дациан Циолос нагласи дека парламентарната група „Renew Europe“ е дел од политичкото мнозинство во Европскиот парламент и дека ги бранат вредностите, човековите права, владеењето на правото и Европа, која треба да носи резултати и придобивки за сите луѓе.

„Нашата политичка група „Renew Europe“, заедно со другите партнери во Европскиот парламент, јасно го поддржува продолжувањето и процесот на проширување и го препознава фактот дека Северна Македонија е подготвена да започне преговори со Европската Унија“, истакна Циолос.

Потсетувајќи дека сега веќе има нова методологија за преговори, Дациан Циолос рече дека сакаат Северна Македонија чекор по чекор да ги интегрира политиките на Европската Унија, но и да ги искористи европските фондови и европските можности за да се развива.

Потсетуваме, откако на Самитот во Брисел во октомври минатата година, поради противењето на Франција Европскиот совет не донесе одлука за одредување датум на Северна Македонија за почнување преговори за членство во Европската Унија (ЕУ), претседателот на државата, Стево Пендаровски, свика лидерска средба, на која лидерите на парламентарните политички партии се договорија на 12 април оваа година да бидат одржани предвремени парламентарни избори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın