Балкан

Сообраќајна несреќа во Скопје: Се преврте транспортно возило

Белото транспортно возило „фиат“ сè уште стои превртено на местото на настанот, каде што пристигна полицијата, при што се врши увид, а сообраќајната полиција го регулира сообраќајот со цел тој да се одвива непречено

Admir Fazlagic   | 21.01.2020
Сообраќајна несреќа во Скопје: Се преврте транспортно возило ( Foto: Admir Fazlagic/ Anadolu Agency )

СКОПЈЕ (АА) - Утрово во скопската населба „Автокоманда“, на влезот во Скопје, се случи сообраќајна несреќа, во која се преврте едно транспортно возило, јавува Агенција Анадолија (АА).

Белото транспортно возило „фиат“ сè уште стои превртено на местото на настанот, каде што пристигна полицијата, при што се врши увид, а сообраќајната полиција го регулира сообраќајот со цел тој да се одвива непречено.

Очевидците велат дека сообраќајната несреќа се случила во утринските часови, но дека нема информации за потешко повредени лица.

Полицијата и надлежните екипи работат на расчистување на случајот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın