Балкан

Сообраќајна несреќа во Скопје, загинаа 5 лица

Несреќата се случила кога автомобил „рено 5“, во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад

Furkan Abdula   | 15.05.2019
Сообраќајна несреќа во Скопје, загинаа 5 лица Фото: АА/Архива

СКОПЈЕ (АА) - Синоќа во близина на скопската населба Драчево се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија пет лица, од кои тројца мажи и две жени, пренесува Anadolu Agencu (AA).

Во соопштението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се наведува дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа извршил увид на местото на сообраќајната несреќа којашто се случи синоќа близу Драчево.

„Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобилот „рено 5“ со скопски регистарски таблички, во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени“, се вели во ова соопштение.

Во соопштението се нагласува дека надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın