Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: 183 нови случаи на Ковид-19, починати 5 лица

Во моментот бројот на активни случаи во Северна Македонија е 2.153

Ekipa   | 23.09.2020
Северна Македонија: 183 нови случаи на Ковид-19, починати 5 лица

СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 183 нови случаи на вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 17.049, пренесува Агенција Анадолија (АА).


Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие од последици предизвикани од Ковид-19 починале 5 заразени лица, со што бројката на смртни случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 710.


Институтот за јавно здравје информира дека се регистрирани 102 оздравени пациенти, со што бројката на оздравени пациенти изнесува 14.186.


Во моментот бројот на активни случаи во Северна Македонија е 2.153.


Во земјата досега направени се вкупно 179.404 тестирања на Ковид -19, од кои 1.769 во последните 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın