Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 824 нови случаи на Ковид-19, почина 31 лице

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 31 лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.419.

Admir Fazlagic   | 17.04.2021
Северна Македонија: Регистрирани 824 нови случаи на Ковид-19, почина 31 лице

СКОПЈЕ 

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 824 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 146.733, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 31 лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.419.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 682 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 122.121.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 20.193.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.988 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın