Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 518 нови случаи на Ковид-19, починати девет лица

Министерството за здравство соопшти дека се починати девет лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 883

Admir Fazlagic   | 23.10.2020
Северна Македонија: Регистрирани 518 нови случаи на Ковид-19, починати девет лица

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 518 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 25.991, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека се починати девет лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 883.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 18.247.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.861.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.367 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 231.613 тестирања на Ковид -19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın