Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19, починати две лица

Министерството за здравство соопшти дека се починати две лица, со што вкпната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус се искачи на 519.

Admir Fazlagic   | 07.08.2020
Северна Македонија: Регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19, починати две лица ( Foto: Furkan Abdula - Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија регистрирани се 155 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата зсе искачи на 11.554, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека се починати две лица, со што вкпната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус се искачи на 519.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова бројката на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 7.607, додека во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.428.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 111.791 тестирања на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın