Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистирани вкупно 138 нови случаи на Ковид-19, починати седум лица

Министерството за здравство соопшти дека се починати седум лица од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 493 лица

Admir Fazlagic   | 01.08.2020
Северна Македонија: Регистирани вкупно 138 нови случаи на Ковид-19, починати седум лица

СКОПЈЕ 

Министерството за здравство на Република Северна Македонија регистрирани се 138 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со Ковид-19 регистрирани во земјата се искачи на 10.891, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека се починати седум лица од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се искачи на 493 лица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти, а вкупната бројка на оздравени пациенти во земјата од Ковид-19 се искачи на 6.698.

Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.700.

Во последните 24 часа се направени 1.621 тестирања на Ковид-19 а вкупната бројка на тестирања на овој вирус изнесува 103.938.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın