Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Потврдени 23 нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.921

- Во изминатото деноноќие Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.387, а во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 422.

Admir Fazlagikj   | 22.05.2020
Северна Македонија: Потврдени 23 нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.921

СКОПЈЕ

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 23 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 1.921, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство потврди еден смртен случај од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи во земјата се искачи на 112.

Во изминатото деноноќие Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.387, а во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 422.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 24.018 тестирања на овој вирус.

Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.

Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.