Балкан

Северна Македонија: Поради мерките против Ковид-19, имамите клањаат терави намаз во празни џамии

Оваа празнина е забележана во сите џамии во земјата, вклучувајќи ја и џамијата Мустафа Паша во Скопје, во која имамот Садик Доган сам го клањаше првиот терави намаз, со кој се одбележува почетокот на месецот Рамазан.

12.04.2021
Северна Македонија: Поради мерките против Ковид-19, имамите клањаат терави намаз во празни џамии ( Foto: Arbnora Memeti / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Поради полицискиот час воведен како мерка против ширењето на Ковид-19 во Северна Македонија, во сила е полициски час кој трае од 20 до 5 часот наутро, многу имами ширум земјата првиот терави намаз (вечерна молитва во текот на Рамазан) го клањаа во празни џамии, без присуство на верници, јавува Агенција Анадолија (АА).

За разлика од некои други земји во регионот, каде што се применува полициски час во подоцнежните часови, односно по завршувањето на тераави намаз, во Северна Македонија муслиманските верници не се во можност во џамиите да клањаат терави намаз поради мерките воведени од Владата со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Северна Македонија: Поради мерките против Ковид-19, имамите клањаат терави намаз во празни џамии

СКОПЈЕ (АА) - Поради полицискиот час воведен како мерка против ширењето на Ковид-19 во Северна Македонија, во сила е полициски час кој трае од 20 до 5 часот наутро, многу имами ширум земјата првиот терави намаз (вечерна молитва во текот на Рамазан) го клањаа во празни џамии, без присуство на верници ( Arbnora Memeti - Агенција Анадолија )

Оваа празнина е забележана во сите џамии во земјата, вклучувајќи ја и џамијата Мустафа Паша во Скопје, во која имамот Садик Доган сам го клањаше првиот терави намаз, со кој се одбележува почетокот на месецот Рамазан.

На 11 март, властите во Северна Македонија првично одлучија да воведат полициски час од 22 до 5 часот наутро, а потоа на 6 април, донесоа одлука полицискиот час да почнува од 20 наместо од 22 часот, мерка која ќе трае до 20 април. Во зависност од епидемиолошката состојба, ќе се одлучува дали полицискиот час ќе остане, или пак ќе има промена на одлуката.

Од последиците на заразувањето со Ковид-19 во Северна Македонија досега се регистрирани 4.262 смртни случаи, додека бројката на регистрирани случаи изнесува 142.034. Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 19.978.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın