Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 починати 29 лица, регистрирани 1.069 нови случаи

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 20.965

Ekipa   | 01.12.2020
Северна Македонија: Од Ковид-19 починати 29 лица, регистрирани 1.069 нови случаи

СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 29 смртни случаи од последици предизвикани од коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус се искачи на 1.792, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 1.069 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 62.945.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.242 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени се искачи на 40.188.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 20.965.

Досега во земјата се направени вкупно 335.298 тестирања на Ковид -19, од кои 3.012 тестирања во последните 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın