Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 35 лицa, регистрирани се 135 заразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 841 тестирањe за Ковид-19

Ekipa   | 19.04.2021
Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 35 лицa, регистрирани се 135 заразени

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 135 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 147.229, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 35 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.478.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 900 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 123.710.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 19.041.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 841 тестирањe за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 692.096 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın