Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 22 лица, регистрирани 1.342 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани се 1.342 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 65.231.

Admir Fazlagic   | 03.12.2020
Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 22 лица, регистрирани 1.342 нови случаи

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа поради последиците од заразувањето со новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) починаа 22 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 1.847, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани се 1.342 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 65.231.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 41.656.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 21.728.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 341.261 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın